Силен земјотрес ја стресе Романија – Почувствуван и во Скопје и други делови од Македонија!
Силен земјотрес ја погоди Романија предмалку, а како што пишуваат граѓани на социјалните мрежи бил почувствуван и во Скопје, но и во делови од Источна Македонија.
Деталите во продолжение после реклама.
Земјотрес со јачина од 5.8 стeпени по Рихтер попладнево во 14 часот и 16 минути по македонско време ја стресе Романија.
Земјотресот бил на длабочина од 40 километри и со епицентар на 5 километри источно од градот Тисмана во Романија.
Според она што го пишуваат романските граѓани, земјотресот бил силен и значително се почувствувал.
Истиот беше почувствуван во Србија, Бугарија но и кај нас во Македонија со многу помала магнитуда.