Sunday, December 3

Се се случило пред очите на нејзиниот татко: Cтpaшна нecpeќа во Албанија – Полицаец со чамец ycмртил 7 годишно девојче (ВИДЕО)

Се се случило пред очите на нејзиниот татко: Стpaшна неcpeќа во Албанија – Полицаец со чамец ycмpтил 7 годишно девојче.

Целиот текст следува после рекламата.

Полицаецот Арјан Тасе е осомничен дека го ybил девојчето по име Јонада, а потоа ја вратил на копно и се степал со нејзиниот татко.

Вознемирените гледачи го снимија моментот кога Тасе (во розови шорцеви) се кара со таткото Бледар (во црни шорцеви) додека граѓаните се обидуваат да ги разделат.

Раскажувајќи го тpaaгичниот ден за тамошните медиуми, Бледар изјави дека пливал со својата ќерка во близина на брегот, кога видел бел чамец со две лица кои доаѓаат кон него.

– Чамецот беше паркиран на плажата во близина на хотелот и ја видов девојката како се симнува од таму, рече тој.

Тој се присетил како сопругата и децата влегле во чамецот, кој потоа се упатил назад низ просторот за капење кон него и неговата ќерка.

– Се движеше со голема брзина кон нас. Нурнав под вода, а чамецот со дел од моторот ја удри ќерка ми – рекол тој.

Настраданото девојче Јонада (7)
Бислим Ахметај, учител кој тој ден бил на плажа, на Фејсбук се присетил како Бледар му пришол потоа и рекол: „Јас требаше да ympam наместо неа“.

Ybиство од небрежност
Инспекторите велат дека полицаецот ги носел членовите на неговото семејство од Порто Палермо во Потам, околу пет милји подалеку, кога се случила неcprќата. Пропелерите предизвикале сериозни повреди што довеле до моментална загуба на животот, изјави портпаролот на полицијата.

Тасе сега е под истрага за „ybиство од небрежност“, додека 15 полицајци кои тој ден требало да внимаваат на плажата се отпуштени. Тасе, наводно началник на полицијата од градот Елбасан, денеска треба да се појави пред судот во Валона.

Стотици свеќи и цвеќиња беа поставени таму каде што Јонада го загуби животот, како и пред кабинетот на премиерот.

Протести, исто така, избија низ целата земја во гнев поради cmpтта, при што десетици демонстранти вчера се судрија со полицијата во главниот град Тирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *