СЕ ПОЈАВИ ВО CKAНДАЛОЗНО ИЗДАНИЕ ВО СРЕД ЦPКВA: Понежната половина на Роналдо направи ДPAМА – каде и е пристојноста.
Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо Георгина Родригез се појави во скандалозно издание во Црква. Таа секогаш умее да го привлече вниманието на јавноста преку својот изглед и аутфит, но изгледа дека овој пат сепак ја претерала.
За ова повеќе детали и фотографии можете да прочитате и видите во продолжение.
Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез го привлекува вниманието на многумина, како со својот изглед, така и со своите комбинации.
Таа сега ненадејно го посети португалското свето место Фатима, каде им се придружи на аџиите, но со својата екстравагантна комбинација направи скaндал, поради што многумина ја осудија.
Имено, 28 годишната сопруга на Роналдо објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм од Црква каде што таа позира во тесен фустан со голем шлиц, што на некои баш и не им се допадна и заклучија дека нејзината комбинација е непримерна.
Не мораш да носиш камера додека се молиш и треба да имаш поголема почит спрема себе и спрема Црквата. „Покријте се“, „не е примерна таква позадина во Црква“ и слични коментари се само дел од она што Георгина го доби како заклучок од фотографиите.
Ова не е прв пат таа да се најде на мета на критики од страна на нејзините фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Имено, пред само некое време имаше доста коментари дека нема потреба да користи толку фотошоп и да ги преработува своите фотографии пласирани на социјалните мрежи.
„Косата ти е убава, но ова не е твоја позадина“, гласеше еден од коментарите.
Дел од оние кои ја следаат ја храбрат дека е убава и згодна и дека не и треба доработка на фотографиите бидејќи природно изгледа поубаво.