Saturday, September 23

Се појави видео снимка: Тоше Проески, Александар Вучиќ и Карлеуша заедно во емисија – Играат, пеат и си споделуваат заеднички спомени

Се појави видео снимка: Тоше Проески, Александар Вучиќ и Карлеуша заедно во емисија – Играат, пеат и си споделуваат заеднички спомени.

Проструи досега невидена видео снимка, во која е нашиот прерано заминат ангел Тоше Проески, кој е заедно со Вучиќ и Карлеуша во емисија.

Видеото можете да го погледнете најдолу.

Тексто продолжува после спонзорираната реклама.

Дека нашиот Тоше Проески беше и уште е сакан на сите простори од поранешна Југославија зборуваат снимките кои останаа како спомен од за жал прерано згаснатиот живот на нашата музичка легенда.

На Јутјуб се појави снимка во која гостува Тоше Проески со тогашниот млад политичар, а денешен прв човек на Србија Александар Вучиќ и една од најпознатите пејачки од Србија Јелена Карлеуша.

Во емисијата Викендизија Тоше и Вучиќ заедно играат со девојки, а нашата музичка легенда покажал вистински талент кога станува збор и за играњето.

Во емисијата Карлеуша зборуваше дека Тоше бил ѕвезда и во Грција, каде што имале заеднички провод, а посебно истакнува дека бил популарен кај девојките од Грција.

Бугари, Македонци, Срби, Балканците сите имаме убави жени, се согласувате ли, вели Тоше Проески во емисијата.

Вучиќ срамежливо се смее и вели дека не знае да игра и пее. Карлеуша зборуваше за песната „Чија си“ која многу ја сака.

Таа псотавуваше прашања и до Александар Вучиќ, за кого тогаш вели дека му е омилен политичар, а му постави благо и убаво прашање.

– Дали е свесен колку е шармантен и дали го користи својот физички изглед кога политиката е во прашање?

Јас реков освен Аца и Борис Тадиќ нема други вистински политичари, тоа се вистински политичари по мој вкус, додава Карлеуша.

Ти благодарам Јелена на убавите зборови, но не знам што би кажал, одиме на друго прашање, рекол Вучиќ низ смеа.

Во продолжение можете да погледнете видео од емисијата Викендизија во која заедно гостувале Вучиќ, Тоше и Карлеуша во 2005 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *