Saturday, September 23

СЕ ОМАЖИЛА ЗА ШИЕНА КУКЛА, А НА СВАДБАТА 250 ГОСТИ: По медениот месец, бабиците и помогнале да роди бебе ИГРАЧКА!

СЕ ОМАЖИЛА ЗА ШИЕНА КУКЛА, А НА СВАДБАТА 250 ГОСТИ: По медениот месец, бабиците и помогнале да роди бебе ИГРАЧКА!

Во светот секојдневно се случуваат рсботи кои на нас можеби ни изгледаат чудно и ненормално, но еве за некои луѓе тоа е сосема нормално. Што мислите вие за оваа жена и животот на кој се одлучила да го води?

Меиривоне Роха Мораес од Бразил се омажила за кукла од партал сошиена од нејзината мајка. Како што вели, почувствувала дека тоа е љубов на прв поглед.

Имено, нејзината мајка направила шиена кукла по име Марсело, бидејќи Меиривоне била многу несре ќна бидејќи сите нејзини пријатели имале по некој, а таа била сама и немала со кого да се забавува, а штом Марсело бил готов, знаела дека „тој е вистинскиот“.

Следувала бурна романса, па „двојката“ решила да се венча, а на нивната неповторлива венчавка присуствувале околу 250 гости. За семејниот живот со Марсело, 37-годишната вели дека е „прекрасен“, иако признава дека нејзиниот сопруг е прилично „мрзелив“.

– Кога бев помлада, често немав партнер за форро (традиционално оро во североисточен Бразил). Тогаш Марсело влезе во мојот живот и наеднаш сè доби смисла. Затоа решив да се омажам за него и беше прекрасно, а потоа и двајцата уживавме во првата брачна ноќ – рекла таа.

Сеќавајќи се на денот на нивната венчавка, Меиривоне, која живее во Бразил, вели:

– Тоа беше прекрасен ден за мене, многу важен, многу емотивен. Тој е човекот кој отсекогаш го посакував во мојот живот. Брачниот живот со него е прекрасен. Не се караме и тој ме разбира целосно, тој е многу добар и верен сопруг. Поради него ми завидуваат сите жени.

Сепак, не е сè „мед и млеко“ за среќната двојка, бидејќи Меиривоне е единствената во врската која работи и ги плаќа сметките.

– Марсело има толку многу големи квалитети, но неговата слабост е што е мрзелив. Воопшто не функционира. Сепак, јас сум борец и работам и за двајцата – објасни таа.

По венчавката, младенците поминале еднонеделен меден месец во куќа на плажа во Рио де Жанеиро и набрзо го дочекале своето дете. Имено, во мај Меиривоне во придружба на медицинска сестра и лекар родила бебе кое многу личи на таткото.

– Навистина ме вознемирува кога луѓето велат дека нашиот заеднички живот е лага затоа што сум воспитана да секогаш ја кажувам вистината и навистина сум среќна со мојот сопруг – заклучила таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *