Се огласи и министерката Славјанка во врска со екcплозиjaта на автомобилот: Кажа како се случило сѐ и дека е во ред!
Откако Инфомакс ја сподели веста дека во близина на министерката Славјанка Петровска експлодирал автомобил и не беше јасно дали се работи за чиста случајност или пак обид да се загрози нејзиниот живот, се огласи и самата таа со изјава за А1on.mk.
Кажа како се случило сето ова и дека за среќа таа а и возачот на автомобилот поминеле без повреди.
Автомобил експлодиpa на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ додека во непосредна близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Информацијата за „А1он“ ја потврди Петровска која што го забелажала настанот.
Прашана дали се сомнева дека е загрозена нејзината безбедност, таа за „А1он“ негираше.
„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото.
Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.
На терен е испратена и увидна екипа на МВР, а откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.