Се огласи и Лозано, пејачот скршен од болка по трагедиjaта која го погоди кичевското село Белица
Од него се прости и нашиот пејач Лозано.
Текстот продолжува после рекламата.
Тажна вест синоќа споделија мештаните на кичевското село Белица. Почина нивниот другар, пријател и соселанец Раде Стојкоски-Пурески.
„Се случи голема трагедиja за нашето село! Раде беше нашиот најголем човек по душа и срце, голем домаќин, чувар на куќите, а воедно на нашето село.
За нашиот Раде можеме да напишеме голема историја, колку беше добар, секој знае колку помогнал за се’ и сешто, без него не почнуваше ниту една работна акција, но и помагаше на сите Беличани, едноставно човек кој ќе се памети по добри дела и ќе направи огромна празнина на целото село“, напишаа неговите соселани на „Фејсбук“.
Смpтта на Стојкоски го погоди и нашиот популарен интерпретатор на забавни мелодии Влатко Лозаноски-Лозано кој очигледно го познавал покојникот.
„Бог да го прости, почивај во мир чика Раде“, искоментира пејачот под објавата.