Wednesday, October 4

Се НАПЛАЌА за влез на Пастрамалијадата во Штип: Сите кои ќе одат со кола која не е со штипски регистерски таблички ќе мора да си платат

Се НАПЛАЌА за влез на Пастрамалијадата во Штип: Сите кои ќе одат со кола која не е со штипски регистерски таблички ќе мора да си платат.

Текст и слика СДК.мк

Што мислите вие за ова?

На кружната сообраќајница на влезот во Штип од правец на Скопје и Кочани, службите за паркинзи на ЈП „Стипион“ ги стопираат возлата кои немаат штипска регистрација и бараат да платат 80 денари за паркирање ако одат на „Штипската пастрмалијада“.

Бесплатно се пропуштаат само возилата со штипска регистрација или оние кои кажуваат дека одат на гости или имаат некоја друга работа, односно не се дојдени во Штип за пастрмајлијадата.

„Го копираме теркот на другите градови кои за вакви и слични манифестации наплаќаа при влез.

Ние барем им даваме флаери на оние штом ќе платат да видат скица каде може да се паркираат во градот, посебно во околината на градскиот стадион во Штип каде се одржува манифестацијата.

Со платениот влез, всушност, го плаќаат целовечерното паркирање што е на ниво на целодневното како секој обичен ден“, велат вработени во „Стипион“.

На кружниот тек во близината на бензинската пумпа на „Лукоил“, каде е единствениот влез во Штип од правец на Скопје и Кочани, подолго време имаше застои во сообраќајот.

Револтирани возачи прашуваа зошто мора да платат за да влезат во градот.

По извесно време, вработените во службата за паркинзи по налог на градоначалникот Иван Јорданов прекинаа да наплатуваат и почнаа да ги пропуштаат возилата.

Целиот текст на СДК.мк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *