Friday, December 1

Сашо: Стојам пред лифт во зграда, слушам мукање – Мууу! Комшијата купил КРАВА и ја чува во подрумот!

Сашо: Стојам пред лифт во зграда, слушам мукање – Мууу! Комшијата купил КРАВА и ја чува во подрумот!

Актерот и поранешен прв човек на Драмски театар, Сашо Тасевски, во јавноста е познат по тоа што беше директор со најкус рок на траење, но затоа пак е актер со „најдолг јазик“, а и „без влакна на јазикот“.

Далеку од тоа дека не знае културно да се однесува и сака некого да навprди… Тој е само проклето искрен, непосреден и отворен.

На македонската јавност и е познат и по честите комични статуси на неговиот фб профил.

Еден таков статус сподели денеска за една вистинска случка која му се случила кај него во зградата во која живее.

Неговиот статус во продолжение:

Стојам пред лифт во зграда, слушам мукање. Муууууу!

Викам некој телевизор, гласно пуштен.
Пак мууууу! Ама некако…

Го гледам комшијава влегува со ѕидарска количка полна сено.

Ме виде се стаписа. Ми вика, не се чуди купив крава. Во подрум ми е врзана. Знаеш со мали деца сум и ти имаш, не можам по две млека секој ден да купувам.

Еве помагај ми околу кравата и тебе ќе ти давам млекце сирење. Да не купуваш од Тинекс, Веро.

Јас у шok. Ко ја видов Радица во подрум. Кравата се вика Радица.

Викам да викнеме телевизии, да ја снимат. Да видат од која мака крава си купил. Неееее комшо, ќе ми викнат инспекции, ќе ми ја земат. Крава во зграда.

И така сега јас ја изнесов на пасење у двор. Некои шетаат померани и пудлици, низ населба јас Радица ја шетам.

Не е баш тренди, ама млеко дава. Сабајлево првпат ја измолзев 20 литри машала.

А вие во опозицијата напуштате го парламентот и одма да се оди на предвремени, да не правиме од подрумот живнираска фарма. Оти ова со цените на храната е резил и злостopcтво против сопствениот народ.

Овие предавници мора да заминат од власт што побрзо.

Претходно тој напиша статус за актуелната тема деновиве за Кајшаров и истерувањето демони во Скопје и растот на цените. Тој имаше барање за Кајшаров, а еве и какво:

Кајшаров одма избркај ги цените од кашкавалот, лебот и млекото.

Кога веќе бркаш демони, можеш и цени. Буткај ги на патос ко оние твоите верници што ги буткаш.

Стави му раче на галичкиот кашкавал напрај му со рачето тоа бууу! И да му падне цената
После избркај ја цела влада… И се ти е простено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *