РКЕ ОДЛУЧИ: Големо ПОСКАПУВАЊЕ на горивата од полноќ – Еве ги новите цени!
Најнови вести од Македонија и светот.
Покачување на цената на горивата од полноќ во Македонија.
РКЕ ги објави новите цени кои ќе важат од полноќ.
Деталите во продолжение после спонзорираната реклама.
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.
Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар).
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар).
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар).
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар).
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм).