РЕГИОНОТ ЗГРОЗЕН УТРОВО: Две 6- годишни деца cекcуално малтретирале врсник во приватна градинка.
Ужacна информација го згрози регионот утрово.
Деталите во продолжение после рекламата.
Две шестгодишни деца брутално малтретирале врсник во приватна градинка во српскиот град Земун, пренесува „Политика“.
Случајот го пријавил 44-годишниот татко на момчето, кој пријавил дека пред две недели неговиот син, кој има шест години, се вратил од градинката со повреди, односно црвенило на аналниот отвор.
Момчето му кажало на својот татко дека двете момчиња во една од собите во градинката насила го соблекле и го малтретирале.
„Детето му кажало на својот татко дека едниот врсник го држел за рацете, а другиот му ги соблекол панталоните и му ги ставал прстите во анусот.
Тој рече дека момчето се вратило од дневен престој со повреди во близина на анусот, за кои тогаш не кажало како се случиле.
Таткото вели и дека детето не го однел на лекар, туку дека самите ги санирале повредите“, пишуваат медиумите.
Раководството на градинката е запознаено со овие страшни обвинувања, но засега никој не реагирал.
Како што се дознава, и други родители се сомневаат дека нивните деца биле малтретирани од истите две момчиња, но управата на градинката не одговорила на нивните поплаки.