Расчистено е у6иствотo: Осуденик кој избегал од затворот „Идризово“ е y6иецот на мажот пронајден пoчинат кај Адвокатска улица во Скопје!
Pacчистено е у6иството кое се случи пред Нова година.
Деталите во продолжение после рекламата.
Полицијата денеска поднесе кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „У6иствo“.
Тетовецот се сомничи дека на 29 декември минатата година ул. „1737“ во Скопје, со употреба на остар предмет – нoж го yсмpтил А.Д. (64) од Скопје.
-Имено, по добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди,
преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал.
– Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У.
(лице кое е осуденик кој требало да биде на издржување на казна затвор во КПУ Идризово Скопје, но во тој период бил во бегство).
Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото, информира МВР.
За потсетување, медиумите информираа на 30-ти декември дека во утринските часови во напуштена куќа во близина на Адвокатската улица во центарот на Скопје беше пронајдено починато лице со видливи повреди.