Friday, June 2

Разбојник пpeтепал скопјанка пред влез на зграда: Има повpeди на окото, вратот и раката!

Разбојник пpeтепал скопјанка пред влез на зграда: Има повpeди на окото, вратот и раката!

Жени, мајки, девојки, девојчиња и сè останато внимавајте, Скопје не е безбедно место за живеење, вели ќерката на нападнатата жена.

Текстот продолжува после рекламата.

На социјалните мрежи се појавија снимки како една скопјанка е нападната од разбојник, кој се обидува да ја ограби пред влез на зграда на подрачје на Карпош.

Ќерката на нападната жена сведочи дека жената има повреди на окото, вратот и раката.

– Драги пријатели, одвојте две минути од вашето време и прочитајте. Мајка ми беше нападната пред извесно време од овој паразит.

Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката.

Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно.

Но за жал од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите.

Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сè останато внимавајте, Скопје не е безбедно место за живеење.

И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се.

П. С. Мајка ми е добро, но стравот е поголем, напиша ќерката на претепаната жена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *