Saturday, September 23

Протече транскрипт и снимка за Русковска на која се пишува дека таа разговара со соговорник и вели: Го заборавив два месеци во притвор

Ќе се открие ли дали е автентична снимката и дали навистина обвинителката зборува, но и доколку е така, со кого би зборувала на таа тема

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), Вилма Русковска, во изјава за ТВ Алсат вели дека не може да ја потврди автентичноста на аудио снимката што вчера протече на социјалните мрежи, а на која се претпоставува дека таа разговара со уште едно лице, чиј глас е обработен.

Во снимката се споменува името Владимир Атанасовски што се совпаѓа со поранешниот директор на УБК, првостепено осуден на казна затвор од 6 години за организација на настаните од 27 април, а кој, како што се слуша во разговорот, бил ,,заборавен” во притвор два месеца.

„Нема шанса некој да биде ‘заборавен’ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла ‘заборавен’, тоа е фигуративно кажано“, вели Русковска за ТВ Алсат.

Аудио-снимката е објавена на Твитер и трае околу минута и половина.

„Не знам дали е автентична. Мислам дека е дел од снимките што Јордан Камчев ги достави за предметот ‘Рекет’. Најдобро е Камчев да го прашате за автентичноста. Не знам кој е објавувачот“, додава Вилма Русковска за ТВ Алсат.

Инаку, Јордан (Орце) Камчев е еден од обвинетите што постигнаа спогодба за случајот ,,Империја” со ОЈОГОКК со кое раководи Русковска. Конкретно Камчев – да плати 5 милиони евра и да одлежи една година затвор.

Камчев ја смени и адресата на живеење од Скопје во Охрид со цел затворската казнa наместо во главниот град, да ја издржи во полуотворениот Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга. Од први јули тој е во отвореното одделение во затворот во Струга.

Според Ременски, Русковска од позиција на моќ за прогон, свесно и немарно ги прекршила правата на лице кое како што пишува Ременски, по нејзин селективен критериум било одбрано да добие притвор.

Поранешната пратеничка ги повика да реагираат првиот човек на Обвинителство, Љубомир Јовески, како и Советот на јавните обвинители. „Секое свесно и намерно прекршување на законските и етичките правила од страна на обвинител во било која фаза од кривичната постапка што ја води е недозволена и казнива и претставува основ за разрешување на јавен обвинител“, пишува Ременски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *