Пронашла изгубена лична карта и сакала со истата да си земе брз кредит од 32 илјади!
Kpивична пријава за скопјанка која со туѓа лична карта аплицирала за брз кредит.
Текстот продолжува после рекламата.
Единицата за економски и компјутерски kpиминал при СВР Скопје поднесе kpивична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „изм ама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Kpивичниот законик.
Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво,
аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина.