Приказната која го обиколи светот: Никола (14) секое утро станува во 4 и собира шишиња за да го прехрани семејството (ВИДЕО).
Приказна која треба да биде пример за многу млади деца. Работењето на било што, доколку е чесно секако, не е срамно.
Приказната за Илија и видеото во продолжение после рекламата.
Илија Обрадовиќ од Иваниќ Град вели дека не може да биде погорд отколку што е. Не е чудно бидејќи има син кој има само 14 години и кој летото го поминува помагајќи му да заработи пари за да го прехрани семејството каде има уште четири браќа и сестри.
Никола Обрадовиќ е 14-годишно момче од Иваниќ Град кој веќе неколку години секој ден оди во Загреб за таму да собира шишиња и хартија и на тој начин да му помогне на своето семејство, во кое има уште четворица браќа и сестри и кои живеат само со една плата.пишува RTL.
– Собрани се сто парчиња шишиња и околу сто килограми хартија. Го правам тоа околу пет, шест години.
Тоа ми се допадна бидејќи не морам ништо да барам од родителите – вели Никола, кој може да биде пример за многу негови врсници, но и за постарите од него.
– Станувам некаде околу четири, пет часот, доаѓам во Загреб со татко ми и не ми е тешко бидејќи имам велосипед со кој сум многу побрз отколку да одам пешки – опишува момчето.
Неговиот татко Илија вели дека се обидел да го одврати од тоа, но не успеал.
– Да бев на негово место тешко ќе станам. Му реков, но тој сака да работи и џабе. Не можам сега, не би го спречил кога сака да работи – вели Илија.
Сè што ќе собере Никола го транспортира кај татко му, кој работи како обезбедување. Секој ден, вели, го полни багажникот на автомобилот.
Со пари заработени од шишиња и хартија купуваат се, од патики до доволно пари за сметки.
– Не можев да бидам погорд од што сум. Работи човекoт, млад човек, а сака да работи – додава таткото на Никола, откривајќи дека момчето штеди за да се запише во автошкола за својот 18 роденден.
Погледнете ја оваа прекрасна приказна: