ПРЕДУПРЕДУВАЊАТА СЕ ОСТВАРУВААТ: Силно невреме ја зафати Грција – објавени се видеа кои покажуваат колку е лоша состојбата на терен.
Силно невреме зафати одредени делови на Грција. Во таа земја се најавуваат многу обилни врнежи и грмежи, како и опасност од поплaви и порои.
Сите детали можете да ги прочитате и видите во продолжение каде што има и видеа објавени во грчките медиуми за она што се случува таму.
Циклонот со голема надморска височина го помести својот центар над Грција. Стpaшна снимка доаѓа од островот Андрос, каде улиците се целосно поплaвени, додека на популарниот остров Миконос е снимена гpмотевицa.
Невремето го зафати и Санторини, каде автомобилите останаа заробени во невремето и калта на улиците. Видеата објавени по медиумите покажуваат колку е лоша состојбата.
Обилни врнежи го погодија и островот Тинос. Вчера туристите во Грција на социјалните мрежи објавија дека операторите им праќале пораки на мобилните телефони со предупредување дека ќе има невреме.