Friday, June 2

Поучна приказна на една баба: Ако сакаш сопругот да ти биде верен, НИКОГАШ НЕ ГО ОСТАВАЈ САМ- А еве и зошто

Поучна приказна на една баба: Ако сакаш сопругот да ти биде верен, НИКОГАШ НЕ ГО ОСТАВАЈ САМ- А еве и зошто.

Во домот за стари лица секоја вечер седеле неколку баби и си ги кажувале своите приказни од животот, само една баба постојано молчела и слушала што зборуваат другите.

Една вечер решила дека е на ред да им ја раскаже животната приказна на своите пријатели, но и на младите негуватели кои се дружеле со нив секоја вечер.

„Тоа беше многу одамна, јас и мојот сопруг бевме млада брачна двојка и имавме само едно дете, нашиот втор син се уште не беше роден.

Секое лето одев со детето во селото на мајка ми по еден месец. Сакав детето да помине време на село и да помине малку време со бабата и дедото. Во тој период многу ми недостигаше маж ми, па решив да спакувам домашна храна од селото и да го изненадам.

Детето го оставив кај мајка ми и се упатив кон градот да го изненадам сопругот. Кога дојдов кај нас, не го најдов. Претпоставив дека се уште е на работа, па почнав полека да ги распакувам работите во нашата соба.

Потоа слушнав како се отклучува вратата и го турнав куферот под креветот и влегов во плакарот сакајќи да скокнам пред него и да го изненадам.

Сепак, јас бев таа што се изненади. Слушнав женски глас во дневната соба и гласно кикотење. Седев во плакарот три часа и се мачев да не размислувам што прави мојот сопруг со жената во нашата дневна соба.

Кога заминаа, повторно го зедов куферот и се вратив кај мајка ми. И кажав што се случи и реков дека ќе се разведам од сопругот. Мајка ми само ми рече: „Што очекуваше?

Го оставаш сопругот на еден месец сам и очекуваш да те чека и да биде верен.

Твојот сопруг е вреден човек, љубезен и добар. Мислиш дека татко ти не се потфрлувал кога бил млад“.

Многу размислував што ми кажа мајка ми и сфатив дека ако сакам маж ми да ми биде верен и само со мене, никогаш не смеам да му дозволам да остане сам толку долго.

Тогаш решив да му простам и живеевме среќно долги години, но никогаш повеќе не го оставив сам. Каде и да отиде, отидов и јас, каде и да одев го земав со мене“.

Кое е вашето мислење на оваа тема? Дали се согласувате со тоа што го кажала бабата? Очекуваме ваш коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *