ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ: Прична помош во вредност од 6.000 денари за секое семејство со прваче во оваа општина.
Браво за овој потег. Пример кој треба да го следат и другите општини.
Парична помош за секое прваче во вредност од 6000 денари. Реално во ова време во кое живееме и оваа сума е од некоја помош.
Деталите во продолжение после рекламата.
Општина Новаци и оваа година додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.
Целта на овој проект е да се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, информираа од тамошната локална самоуправа.
-Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ.
Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, истакна градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.
Поврзана вест: ФОТО: Мицкоски со порака до својот син кој денеска е ПРВАЧЕ.
– Првиот училишен ден на Антониј. Синко ти ја посакувам целата среќа на Светот, да учиш и напорно да работиш за тоа што те чека во животот. Да научиш да се бориш и тогаш кога ќе паѓаш и само така да успеваш.
И до сите други родители многу успеси и среќа на нивните деца, напиша на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска го испрати својот син во прво одделение.