ПИСМО ОД ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК, БРАНИТЕЛ ОД 2001 КОЕ ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: ,,Добив шрапнел во рамото кај Арачиново, бев на закопот на 50 тина мои соборци, а за возврат добивме камења, пцobkи и навреди”
Текстот кој во целост е превземен од Приказни од Булеварот следува после рекламата
Писмо од полициски припадник, Бранител од 2001….
(Анонимност е побарана)
И по 25 години служење на својата земја, останува општата слика дека од која страна и да застанеме од другата доаѓа камен. Дали власт биле леви или десни, заклетвата што сме ја дале професионално да и служиме на Македонија, од страна на нашиот народ е повод да добиеме камења , пцовки, навреди….
2001 добив шрапнел во рамото кај Арачиново, бев на закопот на 50 тина мои соборци! Тогаш по улиците кога ќе не видеа во униформи , целите испотени со Калашниковот на рамо, не прегрнуваа, не целиваа.
Со цвеќиња не даруваа, вие сте нашите херои велеа…Граници, конфликт, напади на Мигранти, спиење по треви и земја со матарка вода и опрема од 15 тина кила на нас, со денови небањати, без да ги видиме најмилите, не држеше во живот мислата : Ова е за нашата земја…За оние што не чекаат.
Татковска прегратка да споделат , топол чај од сопругите да добиеме кои под антидепресиви и ноќи непреспани чекаа да се вратиме дома.
Што добивме за возврат? Добивме камења, да не вадат со имиња и слики луѓе што во 2001 година со лекарски потврди избегнуваа регрутација.
Ставаа нозе здрави во лонгети и Македонија ја бранеа во кафаните. Денес после многу години, од нас се останати луѓе со уништени семејства, парчиња метал во телата и деформации во мозокот.
Деградирани во службата, казнувани од едните и другите зошто сакавме да останеме професионалци и верни само на нашата земја. Со нас ги пополнија празните места , т.е местата кои се за оние казнетите. …Неподобните.
Тоа добивме за возврат. Мобинг и притисоци, за во тие години еден психолог да тропне на нашата врата и да ни дадат некаков совет или поддршка. Некои напуштија служба, некои си го одземаа животот, некои се само бројка на списокот и лек за хировите на политикантите.
Ако на службеното возило му светне сијаличката за сервис, неа ја носат на сервисирање. Нас ни прегореа сите сијалички , еден Началник еден Министер не се одважи да ни отворат сервис за сервисирање на нашите духовни болки. Материјално техничките средства овде вредат повеќе од здравјето на луѓето.
А зошто? За сликата да биде голема а позадината да не ја види никој.
Не ни се криви ни кадрите на ДУИ ни бившите припадници на ОНА. Сето ова го добиваме од своите. Моето отказно барање го поднесов пред 3 дена а такви периодов има десетици. Можеби некоја странска држава е нашата последна дестинација затоа што од овде сме буквално прогонети.
На тие што ќе останат после нас им порачуваме да се изборат за себе. Ние не успеавме. Многу порази се скршија над нашите плеќи и веќе сме уморни од битки и деградирања.
Во својата родена земја, во својата Македонија. Нека ја отвори некој темата дали во организационите единици има запослени психолози за оваа категорија на луѓе?
Нема ни еден! И ни еден не е посетен од стручно лице каде ќе може да се споделат оштетувањата над нас. И психички и физички. Брзо го заборавивте она што го оставивме за оваа земја. Радуша, Матејче, Бродец, Диво Насеље…
Заглавени во тие настани кои за нас се само денови а години поминаа….Косите ни обелеа, некои и пензијата не ја дочекаа. Барем еден да дојдеше да праша , дали треба овие луѓе да се сервисираат, рехабилитираат. …Колите ги однесвме. А луѓево? Кој нив ќе ги оправи? Или ќе ги возите до крај со прегорени аларм сијалички, додека конечно не застанат или заминат….
Исто е и со лекарите, војниците, професорите. …Честит Илинден руинирана Македонија. Ние изгоревме. Младите нека влечат поука од нас и нека се изборат за себе….