Паметните луѓе се посреќни кога се сами: Сега знаеме и зошто!
Дали некогаш сте имале желба да одите некаде далеку каде што нема апсолутно никој?
Ако е така, тогаш сте многу интелигентни, а научниците имаат што да ви кажат.
Научниците од Сингапурската школа за менаџмент и Лондонската школа за економија и политички науки спроведоа студија за да ја откријат врската помеѓу тоа каде живеат луѓето и колку се задоволни од својот живот.
Излегува дека луѓето со висок коефициент на интелигенција кои живеат во големите градови имаат заеднички проблем – тие се генерално нecpeќни.
Додека повеќето луѓе се посреќни кога се опкружени со пријатели, високоинтелигентните поединци претпочитаат да бидат сами. Се поставува прашањето – зошто е тоа така?
Научниците сугерираат дека се чувствуваме непријатно во големите заедници бидејќи нашиот мозок не е прилагоден да работи во групи кои содржат повеќе од 150 луѓе.
Тоа значи дека колку човек е попаметен, толку понепријатно му е во друштво на други луѓе.
Пријателствата ги прават „нормалните“ луѓе среќни, ја задоволуваат нашата потреба за љубов, ни даваат чувство дека некому му требаме и ни овозможуваат можност да споделуваме искуства.
Од друга страна, кај високоинтелигентните луѓе сè е поинаку: тие се посреќни кога се сами и кога не се опкружени со други луѓе, дури ни со пријатели.