Wednesday, October 4

Падна одлука! Овие граѓани да си ги проверат сметките, на 30 jaнуари им стига прилив!

Падна одлука! Овие граѓани да си ги проверат сметките, на 30 jaнуари им стига прилив!

Донесена е одлука. На овие граѓани им стига прелив на 30 јануари.

Деталите во продолжение после рекламата.

Бројот на пензионери во земјава ќе расте, во 2025 ќе надмине 353 000 лица – корисници на пензија. Ќе се зголемува и сумата за редовна исплата на пензии, пишува Порталб.мк.

Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурувње (ПИОМ) за 2023-2025 година со нови коригирани процени за движењето на бројот на пензионери и за средствата потребни за пензии во однос на проекциите во претходниот документ. И за годинава се најавува зголемување на пензиите.

Повеќе од половина од пензионерите живеат со или помалку од 260 евра

Годинава бројот на пензионери ќе достигне 345 245 лица, што е за 2 826 повеќе во однос на процената во претходниот стратегиски план што го изработува ПИОМ. Во новиот документ се предвидува дека бројот на пензионери следниве три години ќе се зголеми за скоро 7 800.

Број на пензионери:

2023 година 345 245; 2024 година 349 043; 2025 година 353 022.

На истекот на 2022 година во земјава имало 332 239 пензионери што е за 13 000 помалку во однос на процената за бројот на пензионери годинава. Скоро 69% од пензионерите добиваат старосна пензија која на крајот од 2022-та изнесуваше 18 991 денари.

Износот за исплата на пензии ќе расте не само поради зголемување на бројот на корисници туку и поради растот на пензиите.

Според најавите од Владата во март годинава ќе има нова нагорна корекција на пензиите за 6%. Според новата методологија пензиите се усогласуваат два пати годишно, во септември и во март, и тоа за 50 проценти со трошоците за живот и за 50 проценти со растот на просечната плата.

– Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 проценти за една календарска година. Во мандатот на оваа Влада се зголемени за 10 проценти и тоа е направено без да се зголемат стапките на пензиски придонеси.

Најголемиот дел на средствата – 499 милиони евра се трансфер во ПИОМ што е дополнителен показател за граѓаните дека го одржуваме стабилен Пензискиот фонд – изјави неодамна премиерот Ковачевски најавувајќи нов раст на пензиите.

На денешната седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец јануари 2023 година.

Задолжен е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.01.2023 година.

Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:

за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);

за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);

за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и

за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.02.2023 година (четврток).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *