Отстранете ги МАСНИТЕ ДАМКИ во само ТРИ чекори: Веќе нема да ја фрлате ИСФЛЕКАНАТА облека, сега има решение.
Тоа е многу просто и едноставно.
Секоја жена знае колку е тешко и макотрпно да се отстрани мрсна дамка. Не е важно за каква ткаенина се работи, тогаш е многу важно извалканиото парче облека да се пере на висока температура, но тоа често не е доволно.
Прво, отстранете го вишокот маснотии со хартиена крпа. Не тријте, туку допрете ја површината. Веднаш потоа обилно посипете ја дамката со сода бикарбона и оставете ја да отстои најмалку еден час.
Потоа отстранете го како што сметате дека е најзгодно – ако е покривка за маса, можете да истресете содата бикарбона.
Ако дамката е на ткаенината на софата, исчистете ја содата со правосмукалка и повторете ја постапката неколку пати.
Сега растворете една капачка течен детергент во чаша вода, а потоа натопете ја дамката и добро исчистете ја.
Ако отстранувате дамка од маица или покривка за маса, на пример, исперете го парчето како и обично во машината.
Исплакнете и повторете ја постапката доколку е потребно.
Ако е ткаенина за мебел, натопете микро крпа во мешавина од детергент и вода и тријте додека дамката не избледи. Отстранете го детергентот со влажна крпа што ќе ја исплакнете неколку пати.