Oпаceн трик кружи на ИНТЕРНЕТ: Милиони жени ја ,,CПРЖИЛЕ” главата, очекувајќи да се ослободат од првутот.
Опaccните совети кои кружат на социјалните мрежи можат да ви нанесат повеќе штета отколку корист! Овој трик на TikTok може да ви го уништи скалпот и да ви опадне косата.
Често одиме на социјалните мрежи, пред се Тик Ток, Фејсбук и Инстаграм, со цел на евтин и брз начин да најдеме решение за нега на коса или кожа.
Сепак, ова видео кое стана вирално е доказ дека не треба да паѓаме на секакви трикови, бидејќи некои се неефикасни, а некои се дури и многу опacни.
Токму еден таков совет го привлече вниманието на експертот за нега на коса Никол Пети, која предупреди на видео кое кружи на Tiktok кое наводно открива како да се ослободите од првутот.
На видеото јасно може да се види како девојката нанесува гликолна киселина на косата. Оваа корисничка истакна дека по два месеци нејзината коса е посјајна, поцврста и без првут.
Експертот Пети, сепак, не се согласува со неа и предупреди дека користењето на оваа киселина може да предизвика изгореници на скалпот.
– Со оглед на тоа дека оваа состојка се користи за лице, мора да бидете внимателни и во тој случај. Доколку не истражувате доволно за процентот на гликолна киселина, лесно може да ја изгорите кожата – објаснила таа.
– Колку е помала рН вредноста во киселината, толку таа ќе биде посилна – им даваше совети на сите при купувањето и изборот. Изгорениците на скалпот може да предизвикаат голем број проблеми, од кои некои се зголемена сувост, повеќе првут и потенцијално губење на косата.