ОД УТРЕ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Еве какво време не очекува – Од УМХ со посебна препорака за граѓаните.
За разлика од последните неколку денови кога имавме пеколни горештини, од утре следува голема промена на времето со значително намалување на температурите, дожд, грмежи итн.
Деталите во продолжение после рекламата.
Подрачјето на Македонија од утре до средината на следната седмица ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, соопшти УХМР.
Температурите значително ќе се намалат.
Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.
Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. (МИА)