Ова мора да го знаете: Лоши вести за тие кои планираат да печат ракиja, ќе има и KAЗНИ.
Ова нема да ви се допадне, посебно ако планирате да печете ракија.
Деталите во продолжение после рекламата.
Првиот човек на Кавадарци воопшто не се шегува.
Ова мора да го знаат сите.
Митко Јанчев е дипломиран инженер геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Во Штип, а магистерските студии на истиот ги завршил во отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
Митко Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци каде бил и дарител.
Донирал и во образованието а една од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов-Габерот” во Кавадарци и ја основал противпожарната служба во градот.
Во моментот го има вториот мандат како градоначалник на Кавадарци, а даде и насока односно најава за тоа што треба да внимаваат сите кои ќе печат ракија оваа година.
Прекршочни санкции ќе следуваат за тие што ќе согоруваат недозволени горива при печење ракија, стои во денешното известување со укажување, потпишано од кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Со оглед на тоа дека започна сезоната на печење ракија, се апелира и укажува на граѓаните за загревање на казаните да користат исклучиво дрва или пак плин, Доколку се во можност.
Исто така се апелира до граѓаните оџаците од казаните да бидат соодветно изведени, односно со висина над нивниот објект, зависно од местоположбата во околината, се вели во известувањето.
Во него се наведува дека службите од Одделението за инспекциски надзор и ,,Мој општинар” ќе вршат засилени контроли и доколку се затекнат лица што согоруваат недозволиви горива, одноCHO отпадни иверици, гуми, пластика, отпадни масла или слично, за нив ќе се преземат соодветни прекршочни санкции, согласно законот за управување со отпад и законот за квалитет на амбиентниот воздух.