Ова е НАЈПОПУЛАРНИОТ доручек на ИНТЕРНЕТ: Направивме медитерански сендвичи од рерна и дознавме во што е тајната.
Брзо и лесно се подготвуваат и имаат толку добар вкус што ќе се запрашате зошто досега не сте го пробале ова.
Целиот рецепт и подготовка после рекламата.
СОСТОЈКИ:
Четири лажици маслиново масло; 125 гр путер
Лукот, може да биде и во гранули; Багет леб;
150 гр гауда; Рукола, власец, босилек по желба.
Подготовка:
Најпрво пресечете го багетот на половина по должина за да се гледа средината, а потоа направете произволни кришки по желба. Тие можат да бидат поголеми или помали.
Измешајте ги состојките во блендер. Целиот лук можете да го испечете претходно во фолија, а доколку немате време слободно додадете лук во прав или ситно исечкани три чешниња. По желба додадете босилек, власец или рукола.
Намачкајте го намазот над секое парче и обилно посипете со рендана гауда. Печете десет минути на 230 степени.
Нека ви е наздравје!