Ова веќе не е на ДОБРО: Се појави ВИДЕО во кое има турканици, а ЖЕНА моли за шеќер во маркет во соседна Србија.
Не дај Боже да дојдат кризни времиња и да се нема ова. Кај нас се гарантира дека ќе има храна доволно за сите.
Во продолжение видеото кое го споделија речиси сите медиуми од Балканот, а во кое се гледа дека има турканици за шеќер во српски маркет.
„Дај ми едно пакување, жити Бога. Дај ми едно пакување“, се слуша една жена на видеото.
Недостигот од основни производи е честа појава во Србија во последните неколку месеци, пишува Нова.рс. Недостигот на шеќер низ Србија трае веќе со недели.
Во многу продавници се истакнати молби до граѓаните да не купуваат повеќе од пет килограми шеќер при едно купување.
Инаку, Србија лани веќе ги ограничи цените на млекото, брашното, зејтинот, свинското. Тие цени се уште се ограничени.
Како што соопштија од Владата на Србија, целта на мерката е да се заштити пазарот, односно да се спречат деформации во формирањето на цените на споменатите стоки, кои се исклучително важни за понудата на потрошувачите, особено на посиромашните социјални категории.
Но, годинава во Србија имаше недостиг на некои производи, најмногу шеќер и млеко.
Novi Pazar
Otimačina za šećer. pic.twitter.com/salXzOubYl— Sajam Ludaka (@BoraKonj) September 11, 2022