Saturday, September 23

Оваа европска земја ќе им дава по 4 илјади евра на оние кои ќе го заменат автомобилот со електричен велосипед

Оваа европска земја ќе им дава по 4 илјади евра на оние кои ќе го заменат автомобилот со електричен велосипед.

Французите сакаат 9 отсто од населението во земјата активно да користи велосипеди до 2024 година, што е амбициозна цел со оглед на тоа што моментално тој удел е околу 3 отсто.

За да го исполни овој план, француската влада е спремна на граѓаните да им даде многу пари и најави зголемување на субвенциите за лицата кои своите автомобили на бензин и дизел ќе ги заменат со електрични велосипеди.

Субвенцијата нема да биде иста за сите, а максималната сума која би можела да се добие за купување на електричен велосипед е дури 4.000 евра.

Толку ќе добијат лицата кои живеат во домаќинства со полоша финансиска состојба, додека оние со подобри приходи исто така ќе добијат субвенции, но во помал износ.

Франција воведе субвенции уште минатата година, но се чини дека истите не го донесоа очекуваниот успех и тамошните власти одлучиле дека е потребно да направат повеќе за луѓето да се свртат кон алтернативните транспортни средства, кои се попогодни за околината и во борбата против климатските промени.

Исто така, покрај субвенции, во некои градови има најава и за големи инвестиции кои би се приспособиле на велосипедистите.

Макрон најави инвестиција од дури 250 милиони евра за уредување на велосипедската инфраструктура во Париз, со цел велосипедистите да можат безбедно да возат низ целиот град, а во план е изградба на дури 130 километри нови велосипедски патеки во текот на следните 5 години.

Поради зголемувањето на цените на горивата, се зголемува и продажбата на електрични тротинети. Оваа политика на субвенционирање на купување електрични велосипеди или некој друг облик на електрични превозни средства како тротинети и мотоцикли се покажа како исклучително успешна во Литванија, каде замената на автомобилите на бензин и дизел со споменатите електрични возила се „наградува“ со 1.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *