Friday, June 2

Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници – Еве кои се условите, колкава е платата, каде да се пријавите и до кога ќе трае

Објавен конкурс за прием на 200 професионални вojници – Еве кои се условите, колкава е платата, каде да се пријавите и до кога ќе трае.

Министерството за одбpaна денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални вojници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални вojници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни:

-да се државјани на Република Северна Македонија;
да се полнолетни.
-да имаат завршено најмалку средно образование.

-да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини:

– по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: javenoglaspfv@morm.gov.mk.

– до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите зa професионални вojници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи
спроведени од посебни комисии.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *