Friday, June 2

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Претходниот силен земјотрес ја погоди земјата во понеделникот.

Нов силен земјотрес денеска околу 16 часот и 30 минути го погоди источниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, а се уште нема информации за потенцијални штети.

Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри од Малатја.

Да потсетиме, во понеделникот Турција ја погодија разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,9 степени според Рихтеровата скала, а животот го загубија повеќе од 33.000 луѓе.

Спасувачите се уште деноноќно трагаат по преживеани под урнатините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *