НОВИ ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА НА ГОРИВАТА: Овие цени ќе важат од полноќ.
Најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.08.2022 година.
Во продолжение сите детали околу зголемувањето на цените на горивата според последните одлуки.
Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.08.2022 година.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и одредбата дефинирана со член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,31%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.08.2022 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,686 ден/кг.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 96,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,00 ден/лит.