Нова провокација од бугарите: Додека го славите овој празник, нема место за вас во ЕУ!
Повторно провакација од страна на бугарите за Македонија, која овојпат доаѓа од бугарската федерација ,,Македонија”.
Текстот продолжува после спонзорираната реклама.
Државниот празник „11 октомври“ раѓа омpaза кон Бугарите во Македонија и за Македонија нема Европска Унија додека денот се празнува.
Источниот сосед не остана рамнодушен дека Македонија го слави Востанието на македонскиот народ против фаши змот.
Провокација стигна од бугарската фондација наречена „Македонија“ која со денови сее провокации на социјалните мрежи, пренесува ТВ АЛФА.
На денешниот официјален „празник“ во … Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат.
Станува збор за kpивично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови.
Овој „празник“ раѓа омpaза кон Бугарите во … Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум! – пишуваат од фондацијата,
Фондација, директно финансирана од државниот буџет на Бугарија, уште пред празникот ни посочи дека ако не се укине прославата за „11-ти октомври“, кога во Прилеп и Куманово била нападnата како што велат – бугарската полиција, Македонија нема да може да смета дека некогаш ќе биде дел од ЕУ.
-Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е kpиминално дело на 20 лица, чија жpтва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев!
Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека kpиминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“…
Сpам кој наскоро ќе биде ставен на крај!, велат од „Фондација Македонија“- Софија.