Николовски објави: Ова треба да го знаете- Нов вид на субвенционирање во земјоделството – Еве ги деталите.
Љупчо Николовски го претстави новиот метод на субвенционирање во земјоделството.
За што се работи во продолжение после рекламата.
Владата го менува системот на субвенции во земјоделството. Пари од државата земјоделците веќе нема да можат да земат без да прикажат дека оствариле производство.
Дел од субвенциите ќе се добиваат авансно за да може да се купат потребните материјали во пресрет на земјоделската сезона, а остатокот ќе го добиваат во неколку етапи во зависност од тоа колкаво производство имаат и дали производите му ги предале на овластен откупен центар.
Дополнителен бонус ќе добиваат оние земјоделци кои одгледуваат култури за кои државата смета дека имаат стратешко значење.
Министерот за земјоделство потенцираше дека вкупната сума која државата планира да ја потроши за субвенции нема да се намали Николовски потенцираше дека државата ќе ја зајакне и контролата за да се спречат злупотреби.
Порача дека во иднина сите земјоделски површини сателитски ќе се снимаат и на тој начин државата ќе контролира дали земјоделците кои земале пари од субвенции ја обработуваат површината и дали таа дава род.
Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Имаме план и граѓаните не треба да бидат загрижени, заедно обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, истакна Николовски на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, каде го презентира новиот модел за субвенционирање во земјоделството.
-Исправени сме пред досега најтешката и најнеизвесна криза. Војната во Украина донесе зголемени трошоци за земјоделците, недостиг на репроматеријали и не соочи со предизвикот како да обезбедиме доволно храна.
Наша задача, како Министерство, е грижа за секој земјоделец – преку конкретни мерки да го стабилизираме домашното производство, да ги намалиме производствените трошоци и да обезбедиме зголемен принос и храна за сите граѓани, нагласи Николовски.