Saturday, September 23

Не реагираме сите исто: Урнебесно издание на маж кој присуствувал на породувањето на сопругата – на крајот седна да одмори (Видео)

После ова многумина ќе се зачудат дали би сакале да присуствуваат на чинот на пораѓање

Кој вика дека жените не се храбри? Или пак кој вели дека мажите можат да издржат се?

Канаѓанката Даниел Форд објавила видео на ТикТок од урнебесните реакции што ги имал нејзиниот сопруг додека таа се породувала.

Имено, таа цврсто го држела за рака додека тој се обидувал да остане смирен. Постојано се вртел кон камерата и изгледал како во секој момент да ќе поврати додека таа се породува.

Кога тоа завршило, таткото конечно здивнал и брзо седнал до креветот „да се одмори“.

„Оваа жена раѓа нов живот и истовремено убива друг“, се пошегувал еден корисник. Сепак ова е само дел од шегата нели

„Зошто мажите прават толку драма?“, прашал друг корисник на ТикТок.

Има и такви кои мислат дека ова не е повод за шега.

„Се гледа дека многу се трудел да ѝ биде поддршка на сопругата. Можел да замине, но не го направил тоа. Не реагираме сите исто кога ќе видиме крв“, вели трет корисник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *