Нејзиниот НАЈУБАВ ДЕН се претвори во XOPOP: Cвекрвата и се НАФРЛИЛА на невестата, па ја ИЗНЕЛЕ од свадбата, а реакцијата на младоженецот ги изненади сите (ВИДЕО).
Многу девојки сонуваат за својата венчавка уште од мали нозе и моментот кога одат по патеката до нивниот принц во голем бел фустан.
Денот кој требало да и биде најубав во нејзиниот живот, се претворил во xopop филм. Британи се подготвувала за својата венчавка во 2014 година.
Сепак, не испаднало сè како што очекуваше. Појавувајќи се на My Big Romany Wedding на TLC, Бретани и идниот сопруг ПиВи откриле дека никогаш не се сретнале лично пред големиот ден.
Парот почнал да се забавува така што се пронашол преку социјалните мрежи, па решиле првиот состанок да го имаат на денот на свадбата.
Иако нивниот аранжман звучи романтично, свадбата беше саботирана и на крајот уништена од мајката на младоженецот, Лоти. Лоти била вознемирена што Британи не побарала дозвола да се омажи за нејзиниот син.
На видеото објавено на Јутјуб, може да се види како мајката на младоженецот видно бесна оди да ја пречека невестата, која на свадбата требаше да дојде во кола за голф. Потоа и приоѓа и ѝ вика на неа и на толпата.
Откако ја слушнал мајка му како вика на Бретни, Пи Ви се обидува да ги смири работите, но Лоти не се откажува така лесно и трча по невестата.
„Ако јас треба да одам, тогаш семејството на Британи мора да си оди“, извика таа.
Младоженецот на крајот морал да ја „изнесе“ мајка си надвор од свадбата, цело време плачејќи и прашувајќи ја зошто му го расипува големиот ден.
„Требаше да уживам во моментот кога ја гледам Британи и нејзината венчаница за прв пат, а тука се борам со мајка ми на земја. „Мајка ми ми ја уништи свадбата, да бидеме искрени“, заклучи ПиВи.
На истото прашање, Лоти имаше поинаков одговор.
„Постојано ми влегуваше во лице и ми викаше „тоа е мојата жена!“. Па каква жена имаш, ако не може да ја запознае мајка ти?“, заклучи Лоти.