Friday, December 1

Некогаш гостите ги ПРЕЧЕКУВАМЕ со мезе, ракиja, полна трпеза, вино, а денес само со кафе и затворена врата: Каде ни замина дружељубивоста?

Текст превземен од cypronews.com

Времето кое на сите нас ни фали, а повеќе го нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со cypronews значи прифаќање за преземање последици за kpажба на авторско дело.

Тоа беше убаво време во кое немаше телефони, немаше фејсбук, немаше интернет, немаше ништо од ова кое секојдневно го одзема нашето внимание и време, време кое треба да го посветиме на нашите најблиски роднини, пријатели, семејство.

Едно време се пречекувавме на следниов начин по куќите и живеевме како браќа и сестри. Каде замина тоа наше препознатливо гостопримство? Каде замина таа желба некој да ни стапне во куќата, да го угостиме, да наздравиме, да пуштиме музика, да се развеселиме?

Се сеќавам, ќе читавме некоја книга и ќе дојдеше мајка ми и ќе ми речеше: Сине, оставете ги сега тие книги, ни се најавија гости. Станувавме, спремавме салати и мезе, со желба едвај да дојдат и да си играме со децата на нашите пријатели.

Се правеше месо, благо, се ставаше вино да се загрее, се правеше руска салата, мајонез салата, тато со мерак одеше во продавница да купи пиво и кикирики, а мама со мерак ги бараше најновите исперени чаршави да ги постеле на маса.

Ние децата тогаш не разбиравме што значи таа искреност, добродушност, домаќинлук кој денес го нема кај младите, што значи таа желба за дружба со своите блиски пријатели. Откако се ќе беше подготвено на маса, следуваше подготовката на самите нас.

Сите бегавме по нашите соби за да се пресоблечеме, чисти и средени да ги пречекаме нашите гости. Мирисот на добра домашна храна, греано вино, еуфоријата поради даоѓањето на гостите кај нас беше како празник за нашето семејство.

Така беше порано! Веднаш се седнуваше, се бараше гитарата, се почнуваше песната, се пееше македонска песна и се пиеше македонско сортно и убаво вино придружено со прекрасно приготвена домашна храна.

Сите ќе јадевме и ќе разговаравме заедно. При крајот на вечерата жените заминуваа во кујна да мијат, а мажите разменуваа неколку зборови од нивните „машки муабети“.

Децата си игравме среќно во собата, без телефони во нас, без никакво присуство на било какво зло кое ќе ни го одзема вниманието како на денешните деца.

Денес тоа веќе не постои! Домаќините не сакаат гости, никој не сака да оди на гости, а обично кога некој ќе дојде се пречекува со чај или кафе.

Жените сега ретко готват и не сакаат никој друг, освен мизерните турски серии на телевизорот, а децата не знаат да си играат. Се прашувам, каде замина гостопримството и дружбата, топлината со која зрачевме?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *