Sunday, December 3

На денешен ден, пред 109 години е поделена Македонија: Потпис за гаранција ставиле Русија, Англија и Франција

Поминаа 109 години откако е поделена Македонија: Потпис за гаранција ставиле три држави: Русија, Англија и Франција.

Продолжете со читање после рекламата.

Пред 109 години, на денешен ден во 1913 година бо Букурешт од страна на земјите победнички против Турската империја е поделен пленот- Етничка Македонија.

Македонското ткиво е неповратно раскинато и окупирано од Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Гарант на Букурешкиот договор со кој е распарчена Македонската земја се Русија, Франција и Англија.

Ова мора да го знаат сите Македонски деца каде и да се, да не се заборави никогаш, пишува во Фејсбук статус лидерот на ТМРО и адвокат Ванчо Шехтански.

Букурешки договор — мировен договор потпишан на 10 август 1913 г. помеѓу завојуваните страни во Втората балканска bojна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.

Во оваа bojна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија и Грција напаѓале од запад, а отоманската bojcка вршела напади од исток.

Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 км2 со 303.000 жители.

На 1 март 1913 година, седум месеци пред потпишувањето на договорот, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Гаврил Константинович, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на какво било чувство за реалност и за македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја решат завојуваните балкански држави.

На 9 август 1913 година, Букурешката конференција на својата пленарна седница го усвоила текстот на договорот за мир.

Србија ги добила вардарскиот дел на Македонија, Косово, дел од Метохија и дел од Санџак. Со тоа била зголемена за 39.000 км2 и 1.290.000 жители.

Црна Гора ја добила територијата Васоевиќи, дел од Метохија и дел од Санџак. Таа се зголемила за 7.000 км2 и за околу 260.000 жители.

Грција ги добила Северен Епир, егејскиот дел на Македонија, Халкидичкиот Полуостров со Солун, дел од западна Тракија и бројни острови во Егејското Море. Со тоа се зголемила за 51.300 км2 и за 1.624.000 жители.

Бугарија го добила Пиринскиот дел на Македонија, Струмица со околијата и дел од западна и источна Тракија. Таа се зголемила за 21.000 км2 и со околу 600.000 жители. Излез на Егејското Море Бугарија добила од сливот на Места до сливот на Марица со пристаништето Дедеагач.

Територијата на Македонија во рамките на Отоманското Царство до Балканските војни го претставувала централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 км2.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *