Најнова вест: Пронајдено е 22 годишното момче по кое се трагаше неколку дена откако падна со автомобилот во Вардар.
Пронајдено е тело. Се работи за 22 годишното момче кое со автомобилот падна од мост во реката Вардар.
Деталите во продолжение после рекламата.
Тело е пронајдено во водите на реката Вардар, во просторот паралелно со касарната „Еребина“ во Желино.
Полициски извори за ТВ21 прво кажаа дека најверојатно станува збор за трупот на 22-годишното момче од Куманово кое пред неколку дена излета со возило во водата, но дека се уште не можат официјално да потврдат без целосна идентификација.
„Пронајденото тело е машко. По наредба на обвинител телото е извадено од вода и по идентификација заедно со членовите на семејството Обвинителот одлучи дали ќе се изврши обдykција или не“, изјави за ТВ21 портпаролот на СПБ-Тетово Фатмир Реџепи.
Дваесет и двегодишен кумановец пред 5 дена паднал со автомобил „голф 4“ во реката Вардар, во тетовско Желино.
Кога автомобилот бил извлечен од водата, во него не бил пронајден никој.
Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.
Откако безжи вотно тело беше најдено утринава околу 10:40 часот во водите на реката Вардар кај касарната Еребино семејството го идентификуваше и препозна Ердон Рамадани.
Тоа е 22 годишникот од Куманово кој на 27 септември со автомобил фолксваген голф излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино.
-По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукциja на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По пет дневна потрага телото беше најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.
Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потpaгата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.
Видеото погледнете го ОВДЕ