Најнова вест: По ИHЦИДEHTOT во Скопје на грчки навивачи, каде нападнаа дете, македонските навивачи не им останаа должни.
Македонските навивачи не им останаа должни на грчките навивачки групи кои правеа инциденти денеска во Скопје.
Еве како им возвратија во продолжение после рекламата.
Грчка навивачка група дојдена во Скопје за ракометниот натпревар меѓу женските екипи на Металург и на ПАОК предизвика инци дент во центарот на Скопје. МВР потврдува дека имало пријава за нарушување на редот.
Навивачите влегле во продавница на улицата во близина на „Рекорд“, ја навpeдувале вработената, нападнале момче со македонски навивачки дрес.
– Денеска (15.10.2022) околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи.
Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци се вели во соопштението од МВР.
Полицијата брзо реагирала и бил спречен поголем инци дент. Доцна поладнево во центарот на главниот град имаше засилено полициско присуство.
Но потоа, група македонски навивачи се одмаздија на овој начин:
Како што дознава ,,Инфомакс” од сигурни извори, откако навивачите на ПАОК од Солун направија инци дент во Скопје и пробаа да нападнат младо момче со обележје на Вардар кое случајно се движело во центарот на главниот град, на излезот од Скопје се случил нов инци дент.
Овој пат група на македонски навивачи го каменувале автобусот со навивачи од Грција кои биле на пад да си заминат од Македонија.
За среќа не дошло до посериозен инцид ент, по што веднаш реагирале од ЕБР.