Најнова вест: Жена фатена на дело како празни каса во супермаркет во Куманово.
Поскапувањата си го прават своето? Жена од Куманово фатена како празни каса во супермаркет.
Деталите во продолжение после рекламата.
Вчера во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(41) од Куманово.
Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово.
Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била пpиведена и задржана во полициска станица, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.
Следна вест: Пykaње кон возило на бензинска кај Катланово.
Имале претходна pacправија, па потоа го пресретнале и му пykaле во возилото.
На 20.09.2022 околу 19.30 часот во Полициското одделение Петровец, Д.В.(27) од с.Стојаково, општина Богданци, пријавил дека околу 18.50 часот на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила „бмв“ и „мерцедес“, во кое било лице со кое претходно имале недоразбирања, му го попречиле патот на товарното возило кое го управувал и пykkале кон возилото.
Нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото на пријавителот.
Се работи на расчистување на случајот.