МРЕЖИТЕ ГOPAT поради оваа фотографија: Кога дознаа зошто НЕМА ГОСТИ на масата, луѓето не можеа да се изначудат, а имаше и COЛЗИ.
На Фејсбук страницата „Жанилијво“ се појави фотографија направена во ресторан. Приказната зад оваа слика ja лајкнале над 10 илјади луѓе на оваа мрежа, а меѓу коментарите има многу тажни реакции.
А приказната е следнава: „Резервирав маса за вечера во убав ресторан во 19:30 часот во кафуле за мојот роденден и им најавив на моите пријатели месеци/недели однапред.
Имаа доволно време да ги организираат своите активности или да се разменат со некој на работа за да може да дојде.
Ги поканив да ги почестам за мојот роденден, а тие не можеа да ме испочитувааг и да се појават. Се погрижив секој од нив да добие мени и се што им треба.
Седев на оваа маса 25 минути и добивав извинувачки пораки од сите нив со изговори зошто не можат да дојдат или зошто ќе доцнат од 45 минути до еден час.
Никој не се појави на време. Потоа го повикав менаџерот на ресторанот да ја откаже резервацијата и заминав во 19:55 часот.
Сфатив дека во овој момент пријателството повеќе не е тоа што беше и можам само да ви кажам дека успеав да го пpeболам“, пренесува „Мондо“.
Приказната која привлече големо внимание е проследена со бројни коментари, има широк спектар на реакции како што ќе ви покажат следните примери:
„Нема веќе пријателства, нема почит, нема обѕир“, „Тажно, но и многу некултурно, бидејќи тие што се однесуваат така не се пријатели”.
„Можеби на поканата напишал дека сите треба да донесат по 100 евра“, „Не ги поканивте вистинските луѓе“.
„Дваесет проценти откажуваат очекувано, а кога сите ќе откажат, не објавувај вакво нешто, не се прашувај какви пријатели се тие, прашај се кој си ти и каков си, зошто ти го направија ова, дали си одел на нивните родендени, кого можеш да убедиш дека никој не е добар, туку само ти, избришете го ова, не се срами“, „Ова е подобро отколку да дојдат и да гледаат во мобилните телефони“.
Многумина му го честитаа роденденот на човекот кој ја објави фотографијата и приказната на Редит, а некои тврдат дека сето тоа е измислено за внимание.
Како ќе го искоментирате вие ова?