Friday, December 8

„МОЈА САКАНА МАЈКО“ – Се огласи Чарлс, новиот британски крал – „Во моментот на најголема тага, ОВА ќе ни биде утеха“

„МОЈА САКАНА МАЈКО“ – Се огласи Чарлс, новиот британски крал – „Момент на најголема тага“.

Британската кралица Елизабета Втора почиna на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска, каде што беше на одмор од јули.

Здравјето на кралицата се влоши во текот на изминатите неколку дена, а нејзиниот син принцот Чарлс и внукот принцот Вилијам и другите членови на кралското семејство беа покрај неа во последните моменти.

Кралското семејство ја потврди нејзината cmpт во 18:30 часот. Во соопштението за печатот од Бакингемската палата се вели:

– Кралицата попладнево мирно почиna во Балморал. Сопругата на кралот и кралицата вечерва ќе престојуваат во Балморал, а утре се враќаат во Лондон – се вели во соопштението.

Неодамна, принцот, а сега и кралот Чарлс, даде емотивна објава.

– Cmpтта на мојата сакана мајка, Нејзиното Височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство. Длабоко жалиме за cmpтта на нашата драга владетелка и обожавана мајка.

Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот, како и од безброј луѓе ширум светот“, рече кралот Чарлс, додавајќи:

– Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе се тешиме со фактот дека кралицата беше почитувана и сакана од народот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *