Saturday, September 23

МОН СЕ ОГЛАСИ ЗА ХАКЕРСКИОТ НАПАД: Еве што се случило!

MOН СЕ ОГЛАСИ ЗА ХAKЕРCКИОТ НАПАД: Евe што се случило.

На интернет страницата на Министерството за образование и наука,за што потпис оставила наводно xaкерска груоа од Грција, побаравме објаснување од МОН и информација каква штета е предизвикана.

Во одговорот за МКД.мк се вели:

„МОН е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите.

Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана. Нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер“.

Инаку, по нападот извршен синоќа, од утрово интернет страницата на МОН е недостапна, односно исклучена од мрежата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *