Friday, December 8

МАКЕДОНИЈА TAГУВА: Еден од најистакнатите македонски актери замина во своето вечно почивалиште – Пoчина Митко Апостоловски

МАКЕДОНИЈА TAГУВА: Еден од најистакнатите македонски актери замина во своето вечно почивалиште – Пoчина Митко Апостоловски.

Следете ги најновите вести од Македонија и светот.

Текстот продолжува после рекламата.

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.

Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

– Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

Митко Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995).

Познат по улогите во македонските народни приказни, но и по улогите во македонската кинематографија.

Тој глумеше во македонските филмови „Големата вода“, „Јас сум од Титов Велес“, „Трето полувреме“, „Умри машки“, „До балчак“, „Последниот Македонец“, „Лазар“ и други.
Највпечатлива улога имаше во филмот „Трето полувреме“ со ликот на Димитрије.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *