Wednesday, October 4

Маж пријавил дека бил нападнат од екс-девојката, претходно стигнала пријава дека тој ја нападнал поранешната девојка

Маж пријавил дека бил нападнат од екс-девојката, претходно стигнала пријава дека тој ја нападнал поранешната девојка.

Љубовна драма во Скопје – Не се знае кој по кого тепал.

Деталите во продолжение после рекламата.

39 годишен маж пријавил дека бил нападнат од екс-девојката, претходно стигнала пријава дека тој ја нападнал поранешната девојка

На 30.01.2023 во 19.45 часот во СВР Скопје, 39-годишен маж од гостиварско пријавил дека во Скопје, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од неговата 29 – годишна поранешна вонбрачна партнерка.

Истиот ден во 23.00 часот, 29 – годишната жена пријавила дека на 29 и 30.01.2023 во два наврати, по претходно нарушени меѓусебни односи, била физички нападната од 39-годишникот од гостиварско.

Се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *