Saturday, September 23

(ВИДЕО) Креативност на дело: Пензионерка нашла совршен начин да ги натера возачите да ја намалат брзината

Креативност на ДЕЛО: Пензионерка пронашла совршен начин да ги натера возачите да ја намалат брзината (ВИДЕО).

Џин Брукс (64) е пензионерка од Нотингем, која дошла на идеја да ги натера возачите кои минуваат по нејзината улица да помислат дека држи радар во раката и им ја мери брзината за да успорат, додека таа стои и „ ги снима“ со нејзиниот фен.

Кога ќе здогледа автомобил или мотоцикл како и се приближува, таа го покажува фенот кон него и го следи неговото движење, пренесува „Нотингем пост“.

Таа рече дека забележала дека возачите честопати успоруваат кога ќе ја видат.

Нејзината семејна тpaгедија ja доведе до генијалната идеја. Откако почиnaл нејзиниот зет, таа пред куќата отворила кафуле каде што собира пари од добротвори за лekyвање од pak.

Бидејќи поминувала многу време во градината пред куќата, забележала дека сите возат побрзо отколку што треба.

Се присетила на приказната за некој во Франција кој успеал да ги измами возачите да помислат дека е радар држејќи фен, па тие ја намалиле брзината.

Таа забележала дека возачите, мислејќи дека го држи радарот, сега ја намалуваат брзината додека се оддалечуваат.

Со оваа постапка таа успеа да ја зближи заедницата. Сега луѓето кои поминуваат покрај кафулето застануваат и и мафтаат, а се случува и возачи на автобуси кои веќе знаат за што се работи и да свират во знак на поздрав.

Таа се прослави откако Би-Би-Си сними видео на кое им вели на возачите да успорат, а тие дојдоа откако таа се појави во радио емисија каде темата беше да се најде начин да ги натера возачите да успорат во околината бидејќи многу деца возат велосипед.

Откако таа се јави и кажа какво решение има, новинарите веднаш дојдоа да го снимаат.

– Таа улица е една од главните сообраќајници и во близина има училиште. Младите мажи често поминуваат со своите мотоцикли обидувајќи се да ги импресионираат девојките – изјави Жан.

Рекла и дека со својата постапка успеала да ја насмее ќерката која тагува по cmpтта на сопругот и дека многу и значи што успеала во тоа.

Покрај тоа, таа е среќна што ја направила улицата побезбедна за децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *