Friday, December 8

Kocово ПОПУШТИ по средбата со американскиот амбасадор, спорната одлука се одложува!

Косово попушти по средбата со американскиот амбасадор, спорната одлука се одложува!

Текстот продолжува после рекламата

Текстот продолжува после рекламата

Владата на Косово попушти по средбата со американскиот амбасадор, одлуката се одложува за 1 септември.

Владата на Република Косово соопшти дека ја одложува одлуката за реципроцитет за регистарски таблички и лични карти до 1 септември, напиша на Твитер албанската новинарка Јехона Хулај.

Американскиот амбасадор во Приштина Џеф Ховениер побара од владата на Албин Курти да го одложи почетокот на спроведувањето на мерките за еден месец, поради, како што рече, „неразбирање на нивните импликации“.

Средбата беше со премиерот Албин Курти и претседателката Вјоса Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *