Saturday, September 23

Користете го овој препарат наместо омекнувач: Три пати е ПОЕВТИН, а ги отстранува сите ДАМКИ од облеката

Користете го овој препарат наместо омекнувач: Три пати е ПОЕВТИН, а ги отстранува сите ДАМКИ од облеката.

Веќе е добро познато дека алкохолниот оцет може да го замени омекнувачот, бидејќи ги отстранува дамките и не остава мирис на оцет на алиштата, но неговата примена во алиштата е многу поширока.

За разлика од обичните детергенти и омекнувачи за алишта, алкохолниот оцет е природно средство за чистење, а исто така е и многу поевтин.

Еве осум причини зошто алкохолниот оцет треба да стане ваш главен сојузник при перење облека и долна облека:

1. Истурете половина чаша алкохолен оцет врз алиштата пред да ги ставите во машината за перење.

Оцетот ќе ја заштити бојата на облеката, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи да останат остатоци од детергент на облеката по миењето.

2. Користете алкохолен оцет наместо омекнувач. Истурете го во преградата за омекнувач и оцетот уште подобро ќе ја заврши работата на омекнувачот, бидејќи алиштата ќе бидат помеки, а околината почиста.

3. Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги отстрани дамките од дезодоранси и трагите од пот од белата облека.

4. Алкохолниот оцет ги неутрализира непријатните мириси на облеката, што значи дека без проблем ќе го отстрани мирисот на чад од нив.

5. Многу е тешко да се отстранат животинските влакна од некои видови ткаенина, но и тука помага алкохолниот оцет. Едноставно додадете го во машината и влакната ќе исчезнат.

6. Ако користите алкохолен оцет во вашите алишта, ќе спречите и статички електрицитет на вашата облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *