Saturday, September 23

Конечно некој политичар да го крене гласот: Објаснете ми – како може кубик дрво да чини толку многу?

Конечно некој политичар да го крене гласот: Објаснете ми – како може кубик дрво да чини толку многу?

Цените на огревното дрво се повисоки и повисоки.

Голем број семејства не се во можност да си ги обезбедат.

Стевче Јакимовки нервозно pacпали на оваа тема.

Во продолжение после рекламата можете да ја прочитате неговата изјава.

Нов ценовен пик и за огревното дрво, ова за ТВ24 го прашува и Стевче Јакимовски.

Ќе ми каже ли некој како може кубик буково дрво да биде 5.000 денари, колку троши тоа што сечат со моторите, превозот колку ги чини за да сега бидат од 4 до 5 ипол илјади денари, вели Јакимовски додавајќи дека најсиромашните граѓани се греат на дрва, а тие сега се скапи.

Производството на дрвата оваа година ќе биде како претходните години, се трудиме да имаме зголемување на производството на дрвата оваа година, а кубик дрво од националните шуми се продава по 3.000 денари, вели директорот за ТВ24.

Цената на струјата се зголеми, во најава е ново поскапување од 1 јануари, а граѓаните велат дека поради поскапувањето и поради тоа што нема струја, ќе мора голем дел од нив да се вратат на дрва, освен оние кои немаат друга солуција, освен парно или струја.

Поскапување има и на пелетите, сега и нивната цена порасна. Во Штип, кубик огревно дрво сега се продава за 4.500 денари, но ако се додадат трошоците за сечење, цепење и редење на дрвата, крајната цена на огревното дрво веќе изнесува 5.000 денари.

Трговците кои вршат промет на огревно дрво веќе ги прават и тие услуги, па граѓаните ако сакаат да не губат време и труд порачуваат исечени и исцепени дрва, па финалната цена е 5.000 денари.

Во последниот месец, плацевите на трговците се празни затоа што нема дрва, а шумските стопанства ги имаат стопирано испораките.

Стопирани биле испораките и на разни здруженија кои секоја година вршат организирани нарачки за своите членови, па и за останатите заинтересирани граѓани.

„Добавувачот веќе два месеци не ни врши испорака на дрва, иако имаме склучено договор по цена од 3.400 денари за кубик, со изговор дека багерите и останатата механизација на шумските стопанства биле ангажирани за производство на пелети на функционери кои си водат свој бизнис со овој вид огрев.

Дали е тоа само изговор не знам, но можам да кажам дека испораката уште на пролет започна добро и досега 60 проценти од граѓаните кои уплатиле ги добија дрвата, но 40 проценти од граѓаните кои доаѓаат им ги враќаме уплатените пари.

Се работи за дистрибуција на 350-400 кубици на стотина граѓани“, вели Миланчо Манев од Здружението на инвалидските пензионери во Штип.

На што Вие ќе се греете во текот на оваа зима? Ваш коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *